Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија

Министерството за внатрешни работи потврдија дека вчера во 17 часот во СВР Скопје од страна на Институтот за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14 и 30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде што се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Вчера на одделот за бактериологија во Институтот за јавно здравје се случила голема диверзија. Хигиеничарката забележала дека огромната соба со фрижидери во кои се чуваат реагенси за бројни микробиолошки испитувања на заразни и незаразни болести – не работи, односно фрижидерите се исклучени. Кога вработените отишле кај осигурувачите заедно со раководството, забележале дека само тие што се поврзани со фрижидерите во кои се чуваат реагенсите, се спуштени, односно направен е обид да се исклучи целата комора. Само тие осигурувачи со чија помош се контролирала температурата во фрижидерите – биле спуштени. Камери во близина на овој дел од Институтот нема.

Поради навременото откривање на настанот, спречено е бројни реагенси да пропаднат, односно да бидат неефективни поради незапазување на температурата неопходна за нивно одржување.

Во фрижидерите,имало реагенси за голема кашлица, за уринокултура, реагенси кои се употребуваат за испитувања што во Институтот за јавно здравје ги нарачуваат бројни болници за своите пациенти, а се однесуваат на сите заразни и незаразни болести.

Треба да знаете
Последни објави