Партијата „ Има таков народ “ на Слави Трифонов денеска му го врати на претседателот на Бугарија , Румен Радев, неисполнетиот трет мандат за формирање влада во рамките на 50-то Национално собрание.
Тоа беше последна можност за редовен кабинет во овој парламент, што значи дека Бугарија оди на предвремени парламентарни избори.
Претседателот сега ќе мора да назначи нова преодна влада и да го одреди датумот на следните избори.
Тоа ќе бидат седми по ред избори во Бугарија во последните три години, по неуспешните обиди за формирање на стабилна влада.