На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес, патничко возило „фоксваген пасат” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.