Во Кина повеќе од 150 луѓе загинаа во свлечишта и поплави во последните два месеци, објавија кинеските државни медиуми.
Во тек е потрага по преживеани од поплавата и лизгањето на земјиштето што во саботата го погодија планинскиот тибетски регион во кинеската провинција Сечуан, при што загинаа девет лица, а 18 се водат како исчезнати, објави кинеската телевизија CCTV.
Во Кина, сезоната на поплави трае од средината на јули до средината на август.