Утре се одбележува Светскиот ден за безбедност на храна

Агенцијата за храна и ветеринарство како одговорна институција за безбеднoста на храната се приклучува кон кампањата на Организацијата на Обединетите Нации за одбележување на 7 Јуни како Светски ден за безбедност на храната.

Почнувајќи од оваа година и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде дел од глобалното, прво одбележување на 7 Јуни како Светски ден на безбедна храна.
Во рамки на одбележувањето на првиот Светски ден на безбедна храна, Агенцијата за храна и ветеринарство со сите учесници во системот на безбедноста на храната – претставници од институциите, науката, невладините организации за заштита на правата на потрошувачите, во хотел Парк од 10 до 13 часот, ќе одржи трибина на која ќе се дискутира за тековните ризици и предизвиците во однос на безбедноста на храната во нашата земја.

Генералното собрание на Обединетите Нации, во декември 2018 година усвои резолуција со која 7 јуни го прогласи за Светски ден на безбедната храна кој ширум светот ќе почне да се одбележува почнувајќи од оваа година. Целта на одбележувањето на овој ден е ширум светот да се подигне јавната свест за безбедноста на храната, превенирање и управување со ризиците со цел унапредување на здравјето на граѓаните.

Во Градски трговски центар ( ГТЦ) од 13 до 14.30 часот, утре АХВ ќе одржи промотивно едукативен настан за граѓаните. Ќе се дели репрезентативен и едукативен материјал за потрошувачите, а за најмалите ќе биде организирано детско ликовно катче каде децата ќе творат на тема безбедна храна.

Треба да знаете
Последни објави