Министерката за енергетика , рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска, оствари работна средба со претставници на “Обединетата македонска дијаспора”(ОМД). Со актуелниот директор на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов и со ко-основачот потпретседателот Александар Митревски се разговараше за низа актуелни теми и трендови од областа на енергетиката.
Отворената и проактивна соработка со кадри кои своите кариерни портфолија ги градат во земјите низ светот е од клучно значење за привлекување нови инвестиции со фокус на енергетиката. Сметам дека споделувањето на искуства од наши успешни и докажани професионалци – експерти од областите кои се предмет на дејствување на новото министерство, ќе бидат додадена вредност за претстојните активности. Секоја подадена рака од различни страни е добредојдена во насока на реализација на идните планови на Владата – нагласи Божиновска на средбата со претставниците на ОМД.
Ресорното минстерство и во претстојниот период продолжува со низа средби со различни чинители, во насока на обезбедување платформа за интензивни инвестициски активности.