Двајца Канаѓани кои беа во програма за размена на студенти беа киднапирани во Гана, објавија денес властите на таа земја.
Според АП, тие студирале на Техничкиот универзитет во Кумаси, вториот по големина град во Гана.
Ова е втор случај на киднапирање на странци за помалку од еден месец во Кумаси, тогаш беше киднапиран индиски државјани кој подоцна беше ослободен.



