Постојат три различни начини за отклучување на Вашата супермоќ, и тоа: правење на трансакции со кредитните картички Mastercard и правење на трансакции со користење на иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Секој таканаречен херој, кој ќе ја искористи својата супермоќ, потребно е да даде и своја согласност за учество во наградната игра на веб страната на Халкбанк АД Скопје. На тој начин се станува потенцијален добитник на една од вредните награди:
-45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6 000 денари;
-6 часовници Гармин;
-4 мобилни телефони и;
-5 ваучери за велосипеди
Ваучерите за спортска опрема ќе бидат извлекувани во три месечни извлекувања и тоа на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, додека пак останатите награди ќе бидат доделени на главното извлекување кое ќе се одржи на 9 март!
Да не заборавиме дека трансакциите преку HalkPay и GarminPay носат тројна шанса за учество, а исто така и дека во секое месечно извлекување учествуваат сите трансакции направени во претходниот месец, додека, пак, во главното извлекување, учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра.
Последно, но не и помалку важно, е дека право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на кредитните картички Mastercard издадени од Халкбанк кои ќе направат трансакција во периодот на времетраење на наградната игра како и оние ќе направат трансакции преку HalkPay и GarminPay. Сите останати информации за наградната игра, можете да ги пронајдете тука. И уште нешто, среќно!