Прилеп е подготвен за почетокот на „Фестивалот на пивото и скарата 2024“.
– Почитувани граѓани на Република Македонија, повелете овие 3 дена, 9,10 и 11 август, посетете го Прилеп и уживајте во прекрасната музичка програма, различните видови на пиво и пробајте ја највкусната скара, на традиционалниот „Фестивал на пивото и скарата 2024“! – стои во објавата на Општината.
Од 9 до 11 август во Прилеп ќе се одржи Фестивалот на пивото, под името „Prilep Beer Weekend“ 2024, манифестација која и оваа година ќе понуди многу забава, вкусна скара и ладно пиво за сите посетители. Локацијата, на одржувањето на манифестацијата останува истата, во центарот од градот на плоштадот „Александрија“, соопштија минатиот месец градоначалникот Борче Јовчески и Дарко Крстески од продукцијата „Евент гроуп“ од Скопје, организатор на годинешната манифестација.
На манифестацијата ќе настапат близу 20 изведувачи од земјава и Балканот како музичката група „Ван Гог“, групата „Амадеус Бенд“, македонската група „Суперхикс“, која слави 30 години од постоење на музичката сцена, балканската поп пејачка, Сања Вучиќ, македонскиот фолк изведувач, Наум Петрески, а ќе настапи и светски познат диџеј.
Општина Прилеп најави дека е подотвена за сите постители кои ќе го посетат градот во ови три фестивалски вечери како во однос на јавниот ред и мир, хигиената во градот, водоснабдувањето и паркинг просторот каде максимално се вклучуваат сите Јавните комунални претпријатија
Општина Прилеп, за манифестацијата има предвиден буџет од милион денари во програмата за култура со што, традиционално, и оваа година ја поддржува манифестацијата.
Градот сигурно ќе биде максимално подготвен за одлична забава на еден од најголемите фестивали на скарата и пивото во Македонија и на Балканот.
Манифестацијата „Prilep Beer Weekend“ ќе се простира на површина од околу 3.000 метри квадратни предвидени за поставување на штандовите и музичката сцена. За време на одржувањето на фестивалот Советот на Општина Прилеп донесе одлука работното време на Чаршијата и угостителските објекти, во трите фестивалски дена, да биде продолжено за два часа.