Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници за редовната даночна обврска – поднесување на даночни пријави за Данокот на додадена вредност за периодот 01.07.2024-31.07.2024 година. ДДВ – пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.
Управата за јавни приходи очекува 7407 даночни обврзници да поднесат ДДВ-04 за изминатиот даночен период. (м.јули 2024)
Досега ДДВ обврзниците од РД Тетово и ДГДО имаат предност пред другите региони во доставени ДДВ пријави, а РД Прилеп е со најнизок процент на доставени пријави. ( види линк)
Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата истекува на 25-ти август, ( недела), бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26-ти август 2024 година ( понеделник).
И овој пат Управата за јавни приходи им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави туку да поднесат уште денес со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.