Пилотот на Ферари, Шарл Леклер зборуваше за целите до крајот на сезоната. На крајот од трката за ГН на Сингапур, Леклер се уште има теоретски шанси шанса за титулата.
Сепак, Леклер, не размислува за борбата за титулата и само сака да го извлече најдоброто на преостанатите трки.
– Сакам да ги искористам останатите етапи за да можеме да се подобри и напредуваме. Особено ако се има предвид дека на патеката во Сингапур, мислам дека направивме чекор напред во оваа насока. Но, треба да преземеме многу други чекори, да продолжиме да одиме напред. Сега направивме добар чекор напред, мило ми е поради тоа. Но, во исто време, се разбира, јас сум разочаран од второто место, изјави Леклер.
Тој заостанува зад Макс Верстапен за 104 бода.