Метео анализа на Славчо Попоски:
Најсвежо ова утро како и вообичаено е во Берово каде е измерена температура од 12 степени, додека најтопло е на Скопје Петровец со измерени 24 степени. Во продолжение на картата погледнете ги и останатите температури измерени низ Македонија ова утро
Како што најавив, од денес понеделник (12.8.2024) започнува екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР” кој насекаде ќе донесе температури од над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат до, па и над 40 степени, однсоно до околу 41,42 степени.