На 11.08.2024 во 14.25 часот на улица „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(31) од с.Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба”, при што одзел повеќе предмети.
Кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.