Вчера околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с.Лабуништа, струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.А.(23) од с.Лабуништа, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.Х. од Ресен, А.Ш. од Охрид и А.Х. од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.