Пратеникот Талат Џафери, кој претходно беше и собраниски претседател, се жали на спроведувањето на процедурите на пленарната седница, исто како што порано тоа го правеше тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата го учеше неговиот наследник, Африм Гаши, како треба да постапува, го спомена и Димитар Апасиев кого го нарече „Кастро“.
„Вие треба да знаете, а не да се базирате на админситрацијата. Дневниот ред е ваша надлежност, постапката е ваша обврска. Пет кривични постапки сум ги имал од Левица, од Кастро, мојот колега Кастро, така го викавме. Така што, не ја тргајте одговорноста.. Пример на 27 април, како сведок, нѐ прашуваат дали Деловникот го кажува ова.. Не се чудете, треба да знаете што е дневен ред.. Правите преседан во постапката во старт“, рече Џафери во процедурално обраќање.