Американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Илон Маск, најави дека денеска ќе разговара со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во живо на социјалната мрежа „Икс“.
„Забавата е загарантирана“, објави денеска Маск на својата платформа „Икс“ со покана за настанот што ќе биде проследен на профилот на Трамп @realDonaldTrump.
За корисниците во Европа, дебатата ќе почне два часа по полноќ.