Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Потребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани.
Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.
Сега е и јасно, зошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?
Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?
Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет.