Пишува: Иван Анастасовски
Пред 15 години ја заменив мојата полтичка за научна професија, и за целиот тој период на научно напредување не често пишував или про(коментирав) за одредени сегменти (кои ми се повеќе познати) во нашата македонска политика и секогаш трудејќи се да не завземам идеолошка или партиска страна (иако сум симпатизер на предходната гарнитура) но тоа не значи дека ги имале моите симпатии за одлуките кои ги носеле во предходните седум години, за што добија и директен црвен картон од нас избирачите за своите политички постапки на терен и во пракса. Ако еднаш сте ја осетиле политичката моќ имате простор да се повлечете и да се насочите кон професионалниот (стручен) ангажман но верувајте секогаш ќе ве притиска помислата дали сте постапиле исправно или пак дали сте постапиле катастрофално во вашиот политички ангажман и верувајте само по одлуките кои ги носите може да оставите белег за вашиот политички ангажман и по тоа ќе ве паметат избирачите и според тоа ќе ве почитуваат или пак негираат.
Ако вниметелно го анализираме писанието на Timothy Less од 2017 година кој вели дека “Почетната точка при формулирањето на политиката е да се набљудува светот каков што е, а не како што би сакале да биде“ наведува на тоа дека политичката реалност на Балканот е далеку од светла и розова како што секогаш сме ја претставувале се со цел да им се додвориме на избирачите користејќи при тоа гол популизам за да не ги повредиме чувствата на гласачите. Соред мене тоа се политички одлуки на краток рок особено во држави каде е многу значајно да се промовира и одржува мултикултурализмот и заедништо на различни етникуми.
Македонија е едниствена држава каде има партии со доминатни етнички предзнак и тоа: Турска/ски партии, Ромска/ски партии, Србска/ски партии, Бошњачка/чки партии, Влашка/ки партии а нормално најдоминатни се партиите со Албански предзнак и тие ја играат клучната улога при формирање на секоја Влада во нашата држава. Најголемиот парадокс во контекст на оваа е што една од албанските партии ДУИ воспостави систем во кој што тие се секогаш на власт што е спротивно на логиката на општествно-политичкиот изборен процес во кој учествуваш за да освоиш или задржиш власт, а не да си секогаш на власт.
Во контекст на ова мора да им се честита на претседателот и менаџментот на ВМРО-ДПМНЕ кое имаше одличен политички маневар и издража на патот да ги детронизира ДУИ од власт и да ги испрати за одреден временски период во опозиција (до локални избори) каде треба да доживеат сериозна внатрепартсика реформа со што повторно би се позиционирале како фактор за политичка стабилност. Но, за да тоа се случи сегашната власт верувам дека и самата е свесна за тоа дека немаат голем маневарски простор во делот на сузбивање и борбата против криминал и корипција (за што сме најмногу посочувани од нашите европски пријатели) и тоа во делот на работењето на функцинерите од ДУИ кои до сега беа недопирливи и заштитувани како бели мечки од секој нивен македонски партнер во владата. Верувам дека и самата ВМРО е свесна за состојбата во која се наоѓаат, тие имаат убедлива власт во име на 58 манадати со поддршка на македонскиот партнер ЗНАМ од 6 мандати кои им ја даваат таа стабилност да превземаат и порадикални чекори во борбата против криминалот и корупцијата. Во конеткст на оваа тука е и групацијата на ВРЕДИ која е составена од партии кои имаат свои интереси за кои не сум убеден дека ќе имаат искрена политика која треба да ја прикаже оваа влада како про-европска и реформска оти почетоците на ВРЕДИ како албански партнер покажа дека тие сакаат да поентираат и профитираат со политика на различност а не политика на заедништво (пример со нон-сенс предлог за Албанска академиаја на науките) но ајде да речеме дека тој испад ќе го освести албанскиот партнер дека имаме многу поважна заеднички агенда за нашиот европски пат од собирање на локални поени за наредните избори.
Лично сакам да видам како граѓанин на оваа држава сериозен успех на оваа Влада многу е значајно да генерираат позитивни државни политички одлуки, но за жал секој почеток на секоја влада се мери во кадровска политика која ја води. Знам дека секој Премиер е убеден дека го вади најдобриот тим за водење на држава така е верувам и со нашиот сегашен премиер кој верува во својот тим. Дали е најдобар или дали најдобрите играчи истрачаа на терен ќе покаже времето, за сега се гледаат одредени недостатоци и аномалии кај поедници. Лично имам силен впечаток и верба во новиот министер за надворешни работи г-дин Муцунски (полагам голема надеж во него) со кој имав и прилика да соработувам на локално ниво и сум убеден дека е вистински човек на вистинско место, но за волја на вистината он ќе ја има најважната задача за нашиот пат кон ЕУ и ќе мора да носи голем товар на себе со идните одлуки кои ќе треба да ја постават Македонија на тој пат од кој нема бегање и нема двоумење оти тоа е едниствениот пат.
Понатака лично не ја познавам но воедно ме воодушеви со својата храбра изјава новата министерка за финасии која релано покажа дека се цени и вреднува самата себеси, своето знаење и својата професионалност кога говори дека функцијата министер треба да биде платена што апсолутно ја подржувам, но при тоа мора да се направи нивелирање на разликите во платите на функционерите и оние кои се дел од институциите на системот а при тоа земаат плата под или нешто над 30 илјади денари што е за секоја осуда и би сакал лично тоа да го исправи оваа Влада.
Со системот на образование не тргнавме најдобро новата министерка со нејзните крути ставови (без доза на прагматичност) ја намалува полуларноста на естаблишменот, но факт е тоа дека поради големината на образованието (сега градинки, основно, средно и високо) и значајноста на нашиот ресор министерката ќе мора да поработи многу повеќе оти тука во овој ресор се добиваат и губат изборите, Заев Зоран и Мила Царовска не ме сфатија сериозно во мојот апел кон нив пред некоја година и ја добија сметката од нас образовните работници кои се преку 25 илјади во нашата држава. И она што најмногу ме радува е етаблирање на новото министерство за спорт што претставува цврст факт дека десничарските влади секогаш му придавале многу големо значење и пиедестал на спортот во нашата држава. Тука премиерот отиде со претпознатливо спортско име г-дин Борко Ристевски кој ќе има огромна улога во делот на поставувањето на новиот спортски систем во државата и сакам да верувам дека и самиот е свесен за таа улога која ја има сега. Спортски кажано господа од Владата топката е кај вас и само од вас зависи ние сме публиката и ве мериме на секои избори.
Како за крај да ги спомнам и СДСМ кои при тоа се надевам дека ќе го преживеат оваа цунами кои се уште им се случува во нивните редови, оти нивните поддржувачи видно исплашени се рашаваат за чекор да намигнуваат кон Максо и ЗНАМ (што е сосема логично) или пак кон ВМРО (што не е исклучено) функциите пред и се. Но, сепак СДСМ денес според мене е во најтешка позиција од 90тите до сега, се надевам дека конечно ќе почнат да размислуваат широко, отворено и реално се со цел да можат да опстојат на политичката сцена во наредниот период а тоа е многу значајно пред се за државата, тие мораат да бидат одреден баланс при носење на сериозни политички одлуки на иднината на Македонија.
Ние граѓаните сме тука ве пратиме сите и ве мериме за вашите постапки без оглед дали сте власт или опозиција така и ќе ве наградуваме или казнуваме во иднина.