Сладоледот е одличен начин за разладување во текот на летниот период, но доколку сакате да внимавате на својата линија, никако не смеете да претерувате со шеќерот. Поради тоа ви претставуваме рецепт за одличен домашен сладолед без додатен шеќер.
Потребно е: 1 мала банана, 120 гр боровинки.
Подготовка: Исечете ја бананата на прстени и наредете ги во чинија.
Оставете ја чинијата во замрзнувач. Замрзнете ги боровинките.
По неколку часа во блендер додајте ги бананите и боровинките.
Блендирајте додека текстурата не стане кремаста.
По потреба додадете малку вода.
Истурете во чинии и оставете го сладоледот во замрзнувач најмалку два часа. Добар апетит!