Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Потребни се итни реформи во правосудството, бегството на Рамадани и поткупот на Наќе Георгиев и Иџет Мемети се дел од метастазата во судството.
Кадрите на СДС и ДУИ во судството, како Пајазит Пајазити се виновни за бегството на Блерим Рамадани.
Истиот тој Пајазити го осуди само на условна казна Иџет Мемети, кој призна дека заедно со Врховниот судија Наќе Георгиев земале поткуп за да издејствуваат поблага казна за Боро Марлборо.
Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, а Наќе Георгиев Врховен судија и член на Судскиот совет.
Се додека кадрите на СДС и ДУИ го држат окупирано судството се до тогаш ќе има само 2% доверба истото, затоа се потребни итни реформи.