Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров на својот профил на Фејсбук објави апел за помош на својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.
„Здраво на сите. Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 см тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира. Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција. На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.