Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура, информира УХМР.
На повеќе места ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град