Стојаноски: Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Интегрален текст од прес-конференција на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството.Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.

Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш.

Треба да знаете
Последни објави