Косовскиот бегалец Блерим Рамадани да не биде биде вратен во Македонија- со вакво барање излегло неговото семејство, повикувајќи ги косовските власти да не го дозволат тоа.
Адвокатот на Рамадани, во изјава за косовска Коха, вели дека судењето на поранешниот војник на ОВК треба да продолжи во Косово. Од Македонија може да ги побара само сите документи за да се започне постапка, вели адвокатот Кочи.
„Србија ги третира борците на ОВК како терористи. Во овој случај Блерими е на Косово, Македонија разбра дека е на Косово, сега го бараат македонските, но и српските власти. Косово не го екстрадира својот државјанин. Косово може да ги побара од Македонија сите документи, да го анализира случајот, да започне постапка и да го одржи судењето. Убеден сум дека дури и судењето да се одржи на Косово, Блерими ќе биде прогласен за невин“, рече Кочи