Руските државни медиуми јавуваат дека по земјотресот со јачина од 7 степени, кој го погоди источниот брег на Русија, еруптирал вулканот Шивелуч.
Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатка, кој има околу 180.000 жители, пишува CNN.
„Според визуелните проценки, пепелта се издигнува на дури 8 километри надморска височина“, објави утринава ТАСС, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 48 километри.
ТАСС наведува дека по земјотресот не е забележана поголема штета, но дека властите превентивно ја проверуваат безбедноста на зградите во околните области. Полуостровот Камчатка е една од сеизмички најактивните области во светот поради средбата на тектонските плочи на Тихиот Океан и Северна Америка.