Ново истражување покажало дека постои поврзаност помеѓу осаменоста и лошите сништа. Ваквото откритие може да помогне во начинот на кој се пристапува кон проблемите за осаменост и пореметувањата во спиењето.
Наодите се важни, бидејќи и осаменоста и пореметувањата во спиењето се серизони здравствени проблеми, вели научникот Колин Хесе од Универзитетот Охајо Стејт. Истражувањето открило дека осамените личности имаат поголем ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и прерана смрт.
Во трудот објавен во Journal of Psychology, Хесе и истражувачите од Универзитетот во Аризона, тампа и Витворт истакнуваат дека стресот е врската помеѓу осаменоста и зачестеноста и интензитетот на ноќните мори.
Други фактори кои се чини дека ја поврзуваат осаменоста со кошмарите се загриженост и анксиозност, како и хипервозбуда, опишани како состојба на зголемена будност и фокусираност. Слично на стресот, прекумерното размислувањето и хипервозбудувањето се состојби на умот поврзани со осаменоста.
„Меѓучовечките односи се многу основна човечка потреба“, рече Хесе, додавајќи дека кога потребата на луѓето за поврзување останува незадоволена, тие страдаат физички, психички и социјално.
„Исто како што гладтта или заморот значат дека не сте добиле доволно калории или сон, осаменоста има свои последици кога не се задоволени потребите за меѓучовечки врски“ вели тој.
Осаменоста е состојба која значително го нарушува поединецот, предизвикувајќи му страдање со низа на работи, меѓи кои е и нарушувањето на сонот. Сонувањето на кошмари е еден од начините на кои се нарушува квалитетот на сонот. Резултатите од истражувањето нудат еволутивно објаснување за кошмарите – луѓето еволуирале за да искусат стрес и зголемена чувствителност кога се сами, а не кога се опкружени со луѓе.
„Квалитетниот ресторативен сон е клучен за когнитивното функционирање, регулирањето на расположението, метаболизмот и многу други аспекти на благосостојбата“, рече Хесе. „Затоа е толку важно да се истражат психолошките состојби кои го нарушуваат сонот, а осаменоста е клучна меѓу нив“.
Статистиката од САД открива дека луѓето кои се осамени имаат 29 отсто зголемен ризик од срцеви заболувања, 32 отсто зголемен ризик од мозочен удар и дури 50 отсто зголемен ризик з аразвој на деменција.
Покрај тоа, луѓето кои често се чувствуваат осамени имаат двојно зголемен ризик дека ќе развијат депресија, од оние кои ретко или никогаш не се чувствуваат осамени.