Мбапе му подари дрес на Надал

Рафаел Надал побарал од новиот играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе да му подари дрес по мечот со Мајорка.

Поранешниот тенисер број еден во светот, Надал, во друштво на „тазе“ пензионерот, кошаркарот Руди Фернандез, го проследи мечот меѓу Мајорка и Реал Мадрид, кој изненадувачки заврши 1:1.

По натпреварот Надал, кој е поранешен косопственик на Мајорка, го чекал Мбапе од кого побарал да му подари дрес.

Мбапе му ја исполни желбата, Надал стадионот го напушти со дресот на еден од најдобрите фудбалери во светот, кој од оваа сезона го носи дресот на Реал.

Треба да знаете
Последни објави