Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните кои гравитираат во населбата Драчево и нејзината околина. Од сега, тие можат да ги добијат овие услуги во подрачната канцеларија на агенцијата лоцирана во оваа населба.
Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места, можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот.
Со ова значајно олеснување, граѓаните, освен постоечките услуги, сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на имотен лист, копија од план, промена во наслов, теренски барања, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, како и добивање на уверенија за идентификација и историјат на недвижностите.
Во следниот период, агенцијата ќе продолжи да воведува новини во работењето со цел услугите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните.