Шумскиот пожар кој од саботата беснее на планинаа Мукос помеѓу селата Оморани во близиина на манастирот Свети Никола и село Степанци во близина на манастирот Света Богородица во Општина Чашка, утрово освен од земја се гасне и со воздухоплови.
– Од рано утрово во гаснење е вклучен хеликоптерот на МВР МИ-171, а од 10 часот во негово гаснење се вклучи и „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.
Инаку во негово гаснење од утрово се вклучени и пет лица од Општина Чашка, десет вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и 20 припадници на Армијата.
Како што информира за МИА Жаклина Гушева, директор на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми, пожарот бил пријавен во саботата попладне, а нивни вработени од вчера се вклучиле во негово гаснење.
Воедно тие вчера правеле бразди-пресеки на теренот за да се спречи ширењето на пожарот и да ги спасат манастирите.