Нашата најдобра фудбалска селекција ги започнува настапите во новата сезона во Лигата на Нации, а од понеделник ќе започне продажбата на билети за натпреварот против селекцијата на Ерменија.
Овој дуел ќе се одигра на десетти септември на Националната арена „Тодор Проески“, а цената на влезница изнесува од 200 и 400 денари. ФФМ воведе и влезница за во ВИП ложата, која што за овој натпревар ќе чини 1500 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.