Пратеничката од СДСМ, и екс министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска реагира на ставовите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за нејзини службени патувања.
„И на верски празник продолжува со фабрикувани лаги и невистина за мене. Сакам граѓаните да знаат дека за службеното патување е избрано многу поефтино сместување од хотел или луксузни бизнис карти како оние на Мицкоски и неговите министри од 20.000 евра. Дефокусот за нивното досегашно трошење и аздисување на Гаши и неговите сватови, како и немањето изговор зошто во буџетот најдоја пари за општините на своите градоначалници, но не и за наставниците и покачувањето на минималната плата, ДПМНЕ со вакви напади кон мене на драматични пресови ја дефокусираат јавноста“ пишува пратеничката и повика ВМРО-ДПМНЕ да ја тужи ако има било што незаконски.
Тие, додава Костадиновска, сакаат постојано да се занимаваме со нивните лаги, ако има нешто незаконско нека ме тужат, но бидејќи нема се служат за конструкции. Службеното патување има причина и цел, а тоа е отворање на Мултикултурна изложба претставена од уметнички дела на повеќе од педесет македонски уметници.