Милијардерот Дуров попладнево ја напуштил канцеларијата за борба против измами во Париз во полициско возило, пишува CNN.
Обвинителството во Париз објави дека тој се соочува со „првично сослушување и можно обвинение“.
Дуров (39) беше приведен во саботата на аеродромот во Париз Бурж по потерница поврзана со правилата и контролите на Телеграм. Тој е под истрага по обвиненија поврзани со низа злосторства, вклучително и наводи дека неговата платформа била соучесник во помагање на измамници, дилери на дрога и луѓе кои дистрибуирале детска порнографија.
Француското правосудство е заинтересирано за социјалната мрежа Телеграм поради недостаток на мерки и контрола за борба против трговијата со дрога преку платформата, но и поради спречување на ширење на педофилски содржини.
Судските органи во рамките на оваа законска процедура ги истражуваат и обвинувањата за „одбивање по барање на надлежните органи да се соопштат информации или документи потребни за спроведување и користење на прислушувањата дозволени со закон“.
Обвинението ги одразува големиот број критики упатени кон Телеграм за редовно одбивање да соработува со властите во земјите каде што е достапна апликацијата