Полицијата во Крушевац пронашла тело на 25-годишен маж, кој наводно бил убиен од татко му, кој потоа се самоубил.
„Исчезнувањето на синот претходно го пријавила мајка му. Ранетиот млад човек, по повредите, побегнал од куќата и починал на местото на кое се скрил од својот татко насилник. Кога дознал дека син му починал, таткото си пресудил. Сцените беа страшни, го најдоа обесен“, пишуваат српските медиуми.
Полицијата спроведе истрага со Обвинителството.