ВМРО-ДПМНЕ: Изгласани се сите програми за кои Арсовска тврдеше дека се кочат, сега нема повеќе алиби

Од ВМРО-ДПМНЕ одново се огласија по повод случувањата денеска во Град Скопје. Од таму велат дека ги изгласале сите програми за кои градоначалничката Данела Арсовска тврдела дека се кочат од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доцна попладнево ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје ги изгласасите програми за кои Арсовска велеше дека се кочат. Иако на Арсовска не и се потребни програми за да го исчисти Скопје, затоа што за чисто Скопје не и е потребна програма за нешто што е утврдено со закон, сега по нивното гласање Арсовска нема повеќе алиби за нехигиената на главниот град.

И на крај, додека се гласаа програмите градоначалничката не беше присутна на расправата за седницата за точките за кои тврдеше дека се клучни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави