Возрасен беровец доби кривична затоа што му се заканувал на судија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(67) од с.Тработивиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 30.05.2024 пријавениот преку мобилна апликација, испраќал пораки со заканувачка содржина кон судија при Основен суд во Берово.


Треба да знаете
Последни објави