Русија веќе реагираше на нападот на Вооружените сили на Украина врз областа Курск, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Тоа веќе се случува, рече Песков во интервју за ТВ „Русија-1“ на прашањето кога Русија ќе одговори на нападите на Украина врз пограничните региони.
Портпаролот н Кремљ посочи дека нема сомнеж оти решителните акции на руските вооружени сили ќе продолжат, пренесуваат руските медиуми.
Украинските сили на 6 август почнаа ненадеен напад врз Курскиот регион во Русија, а нивната операција се уште трае. Во изминатите 25 дена, како што најавија украински воени команданти, имаат освоени 100 руски населби во регионот Курск