Еден човек загина и петмина се ранети во престрелка во Приштина што се случи доцна синоќа. Тројца од повредените се во критичка состојба, потврдија од Клиничко-болничкиот центар Насер Силја во Приштина.
Според приштински медиуми, најверојатно се работи за пресметка меѓу две фамилии. Засега нема потврда од полицијата за тие наводи. Пукаањето се случило во населбата Акташ.