На булеварот Борис Трајковски доцна вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа, известува репортерот на ТВ21 од терен.
При судир на два автомобили, неколку лица се здобиле со тешки повреди и се префрлени во болница со возило на Брза помош.
Инцидентот се случил на раскрсницата веднаш по зградата на општината. Сообраќајот во моментов го регулира полицијата, а причините за несреќата сè уште не се познати. На еден од автомобилите се забележани скопски регистарски ознаки.