Прекин на струја предизвикан од пожар во Кисела Вода – можни прекини на водоснабдувањето

Сакаме да ве информираме дека денес, 03.09.2024, поради пожар во Кисела Вода, има прекин на електричната енергија во пумпената станица Припор. Оваа станица ги снабдува со вода следните резервоари:

•   Висока зона Аеродром
•   Висока зона Ново Лисиче
•   Припор 1, 2 и 3
•   Сопиште
•   Ракотинци
•   Добри Дол

Како резултат на ова, можни се прекини во водоснабдувањето до целосна санација на дефектот од страна на ЕВН.

Треба да знаете
Последни објави