Бора за жал ја загуби битката по тешкото воспаление на белите дробови и почина на 72-годишна возраст, а покрај наследството кое го остави на музичката сцена, тој вечно ќе остане во сеќавање и на верните навивачи на српскиот фудбалски великан.
Ѓорѓевиќ беше огромен звездаш и беше писател на голем број навивачки песни на Црвена Звезда, па поради фактот што често беше и почесен гости на трибините, клубот со големо жалење ја објави веста за неговото заминување во вечноста.
– Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“, а воедно и голем звездаш – Бора Ѓорѓевиќ почина во 72-та година од својот живот. Црвена Звезда изразува длабоко сочувство до семејството на Ѓорѓевиќ. Бора последните денови ги мина во болница во Љубљана поради тешко воспаление на белите дробови, а ова утро пристигна тажната вест која гласи дека Бора не напушти. Сепак, тој не не напушта, неговите хитови ќе бидат вечни, а врската со Црвена Звезда ќе биде вечно вткаена во ѕидините на Маракана.
Голем број песни на кои е автор ќе продолжат да се пејат со иста гордост на нашата Маракана. Од срце ќе пееме „Поносан буди“, „Живот“, „Победа“, „Михајлдо где си“…. Не само тие, ќе го пееме цел албум „Песме са севера“, – се вели во соопштението на Звезда, во кое е пренесено и една лична изјава на Бора.
– Секој што ќе напише една песна, сака народот да ја прифати. Многу ми е мило што песната „Не веруј им син“ звучи многу подобро кога ја пејат Делии, отколку кога ја пеев јас. Секој пат ме лазат морници….. Им помогнав на навивачите кога ме побараа, ќе бидат тука ако повторно треба, – говореше Чорба.