Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион кој се урна во неделата, при што загинаа најмалку 68 лица, додека останатите четворица се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.
Податоците од снимачот на глас во пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот може да им помогнат на иследниците да утврдат што ја предизвикало падот на авионот АТР-72 во близина на градот Покар.
Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, рече дека црните кутии се во добра состојба, „барем однадвор“.