Менаџерот на групата „Рибља Чорба“, Бане Обрадовиќ откри дека Бора Ѓорѓевиќ до последен момент се борел како лав.
„Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. Сите бевме изненадени, иако ја знаевме дијагнозата. Жал ни е, тој е легенда која отиде во рајот, а ангелите горе нека го заштитат“, вели Бане со треперлив глас и ја објаснува причината за смртта на Бора:
„Белите дробови беа клучни. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да го искашла насобраниот секрет. Потоа морале да го интубираат и да го стават на респиратор. Десет дена беше така, лекарите му даваа лекови и инфузии. Рекоа дека е стабилен иако цело време спиел. Ситуацијата нагло се влоши. Почина околу 4 часот наутро“, изјави Бане.
Бане откри и каде ќе биде погребан Бора
„Обдукција нема да се врши. Семејството одлучи дека тоа не е потребно. Документите во конзулатот се привршуваат за телото да биде пренесено во Чачак, каде што ќе биде погребан, што беше негова желба и тоа јавно го кажа. Кога точно ќе биде тоа, се уште не се знае, бидејќи постапката се уште е во тек и зависи од завршување на сите формалности“, додаде Бане во емисија на телевизијата К1, пренесува Блиц.