Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, ќе биде погребан во сабота на 7 септември во 14:30 часот на Градските гробишта во Чачак, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Чачак.
По повод смртта на музичарот, во петок на 6 септември во Чачак ќе биде прогласен ден на жалост. На тој ден ќе се одржи комеморација во Домот на културата.