На социјалните мрежи, пејачката Биља Крстиќ и сестрата на покојниот рокер Бора Ѓорѓевиќ утрово споделија крајно емотивна порака за нејзиниот починат „брат“.
Додека патувала низ Македонија, Биља ја добила тажната вест за смртта на Бора. Таа откри дека се надевала на чудо, како што и самиот Бора и напишал во последната порака. Исто така, откри и малку познат детаљ за прекарот „Милиша“, кој Ѓорѓевиќ го имал кога заедно соработувале во групата „Сунчокрети“.
„Тажна вест ме фати на пат низ Македонија. Деновиве имав надеж дека можеби ќе се случи чудо, како што напиша во последната порака“, напиша Биља, обраќајќи му се на Бора.
Емотивната порака на Биља на социјалните мрежи открива длабока тага поради загубата на Бора Ѓорѓевиќ, но истовремено дава увид во нивната блиска врска и споделени спомени. Збогувањето фрла нова светлина врз личноста на Ѓорѓевиќ и остава силен впечаток во јавноста.
Инаку, актерката Рада Ѓуричин, која почина вчера, ќе биде погребана во сабота на 7 септември во 14 часот во родниот Вршац. Ќе ѝ се исполни последната желба да почива во семејната гробница со нејзините родители.
Легендарниот фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина вчера на 72-годишна возраст во Љубљана. Како и Рада, Бора ќе биде погребан во сабота. Рада и Бора починаа во ист ден, а ќе бидат погребани истиот ден.
Градоначалникот на Чачак, Милутин Тодоровиќ, изјави дека телото на Бора утре ќе пристигне во Чачак, а погребот ќе се одржи во сабота.