Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Македонскиот фудбалски клуб Вардар во своите редови го доведе Немања Босанчиќ кој во минатото соработуваше со Захариевски во Струга .

Се работи за 29-годишен фудбалер за врска, кој доаѓа од редовите на Паневежис од Литванија, каде што последно настапуваше. Тој има 48 настапи за екипата на Струга, постигна 10 гола и подели 11 асистенции.

Освен за Паневежис и Струга, Босанчиќ има насттапи за Инџија, Чачак и Колубара во Србија, Беране од Црна Гора, фински Лахти и за ДЛ Про од Кина.

Треба да знаете
Последни објави