Новиот национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси Влатко Ѓорчев беше долгогодишен пратеник во македонското собрание.
Во неговиот последен претенички мандат од кој траеше до 2020 година, Ѓорчев ја предводеше собраниската комисија за труд и социјална политика.
Во 2019 година СДСМ го обвини како главен виновник за кочење на растот на минималната плата и растот на пензиите.
Ѓорчев беше посочен дека ги кочи дискусиите и ја прекинува седницата за предлог-законот за зголемувањето на минималната плата истата година на тогашни 14.500 денари. Тој тогаш прашуваше дали има финансиска одржливост за вакво зголемување на минималната плата. Во 2020 година пак, пред парламентарните избори, Ѓорчев не закажуваше седници на Комисијата за зголемување на платите на професорите во високото образование за 10 отсто.
По неколкугодишна пауза, Ѓорчев пак се враќа на државна функција. Овој пат како национален координатор, позиција која ќе му обезбеди месечени примања од 105.000 денари или близу три просечни плати, односно над 4,5 минимални плати, а со оглед на растот на платите, Ѓорчев во 2025 година ќе добива уште поголема плата.