Министерството за внатрешни работи истражува случај во скопска градежна компанија за која се сомничи дека е поврзана со милионска измама.
СВР Скопје соопшти дека е извршен претрес во приватен дом и во други простории и дека е поведена постапка против лице во Скопје.
Како што велат, постои сомнние за сторено кривично дело и стекнување со протиправна имотна корист од 73,700.961.00 денари.
„На ден 05.09.2024 година од страна на полициските службеници од Единицата за Економски и компјутерски кримина при СВР СКОПЈЕ во координација со пол.службеници од Одделот за крим полиција од БЈБ на МВР, со наредба за претес на дом и други простории, издадена од страна на Судија на претходна постапка, извршено е истражно дејствије претрес во дом на лицето С. В. од Скопје, и по претходно издадена Наредба за претрес на деловни простории на правно лице со седиште во с.Батинци во врска со поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од чл.275-в од Кз ,,Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од КЗ”, сè уште се прибираат дополнителни докази кои што го чинат основано сомнението за стореното кривично дело кое што се става на товар на пријавените“, велат од СВР Скопје.