Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани, поради прилив на поладен воздух од север, и неговиот судир со потоплиот воздух кој се наоѓа над нашата територија, денес (сабота) во попладневните и во вечерните часови очекуваме поголема дестабилизација на атмосферата , особено во делови од Скопскиот регион, централните и во источните предели од државава.
Во погоре споменатите предели на повеќе места попладнево очекуваме развој на конвективни грмотевични облаци, кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења, како и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион како што кажав попладнево ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени , доека во Скопје максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 33 степени.
Условите за нестабилност краткотрајно ќе се намалат во текот на утрешниот ден (недела), по што од понеделник (9.9.2024) како што и претходно најавив, под влијание на Средоземен циклон не очекува голема промена на времето и чести и обилни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме. Температурите ќе бидат во опаѓање, а особено ниски температури очекуваме во вториот ден од следната седмица и за време на наредниот викенд, кога температурите ќе бидат значително потпросечни за месец септември.
На следниот линк можете да ја следите алактката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/