Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе престојува во работна посета во Прага во Чешката Република.
Генералот Лафчиски во текот на утрешниот ден, за првпат од назначувањето на новата должност, ќе учествува на конференција на Воениот комитет на НАТО, во формат на началници на Генералштабови, каде е предвидено негово обраќање на дел од сесиите.
Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во сојузничките земји членки.