Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин.
На првата средба со амбасадорот Клеин, Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.
Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Првиот вицепремиер Меџити рече дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.
Двајцата соговорници разговараа и за Зелената агенда и улогата на нашата земја во борбата против климатските промени.